Дуото составено од двајца млади и талентирани артисти кои веќе неколку години творат нешто поразлично од она на кои сме навикнати да го слушаме, викендов настапуваа во клуб „Аватар“ заедно со Таско во Струмица и приредија вистински спектакл!
Имено, се работи за трап, хипхоп, аренби и регетон дуо составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски (артист и текстописец), познати како 2 Бона. Неодамна тие ја објавија својата нова песна насловена „Дијаманти“ која ја изведуваат заедно со познатиот Марко Маринковиќ – Слактар!