strumica denes logo

ТАЛЕНТИРАНИОТ ПИЈАНИСТ ОД СТРУМИЦА СТЕФАН ОНЧЕВ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПИЈАНО-НАТПРЕВАР „ГЛОУБ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“

Автор:

Датум:

март 10, 2023

Категории:

Култура, Струмица

Автор:

Датум:

март 10, 2023

Категории:

Култура, Струмица

Пијанистите Стефан Ончев и Гала Булатовиќ ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот пијано-натпревар „Глоуб интернационал“.

Натпреварот се одржува во Амстедам, Холадија кој ќе трае до недела.

Ончев и Булатовиќ обезбедија пласман во финалето на европско натпреварување и ја минаа селекцијата од повеќе од 200 млади пијанисти од целиот свет. На тој начин обезбедија пласман помеѓу 20-те најдобри натпреварувачи во категроијата до 13 години и се дел од „Глоуб интернационал“.

Стефан Ончев е од Струмица и ученик е во основното училиште „Боро Џони“, додека Гала Булатовиќ е од Скопје и е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.