bandr
Култура

СВР СТРУМИЦА: КАЗНИТЕ ЗА УПОТРЕБУВАЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА СЕ ВИСОКИ-ВНИМАВАЈТЕ!

Секторот за внтарешни работи-Струмица, во пресрет на Новогодишните и божиќните празници имајќи во предвид дека пред, и за време на истите од страна на граѓани, малолетници и деца, неовластено се употребуваат пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со што се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, чл. 31 „кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозив или запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра.

Законот за заштита на експлозивни материи, чл. 69 ст.1 т.4 „оној кој набавува експлозивни материи заради употреба без одобрение ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 400 евра. Кривичен Законик на РМ, чл. 396 ст.1 „тој кој што неовластено употребува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години„.ст.2 од истиот Закон „ако предметот од делото од ст.1 е поголема количина на огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години„.ст.3 предметите од ст.1 и 2 и средствата за нивно изработување пренесување и растурање ќе се одземат. Палење ракети, приредување огномет, фамилијарни или слични приредби мора да се пријават во МВР Сектор за внатрешни работи –Струмица на чие подрачје се одржува приредбата, најдоцна два дена пред почетокот на приредбата.

Апелираме до граѓаните да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои на тезги, продавници или магазини продаваат пиротехнички средства или неовластено употребуваат пиротехнички средства истите да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Истовремено, Ве повикуваме и Вие со Вашиот медиум активно да се вклучите, заедно да допринесеме за намалување на последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства.