Струмичанката Александра Јанева промовира деби-албум со хумана цел!

декември 12, 2020

Поп-пејачката Александра Јанева го промовира својот деби-албум „Срце отвори“. Албумот е компилација од 13 песни објавени во изминатите седум години од нејзината музичка кариера, почнувајќи со макфестовската „Врати ми го сонцето“.

Продажбата на дисковите започнува од утре, сабота во Концепт Кафе, а сите средства ќе бидат наменети за ковид пациенти кои не можат да си овозможат болничко лекување.

„Албумот е готов подолго време и иако никогаш не можеш да знаеш кога е вистинското време за нештата да се случат, јас сум пресреќна што токму сега, кога целото човештво се соочува со најголемите предизвици и најмногу ни треба сплотеност и емпатија, имам можност да го претставам овој симболичен проект пред публиката. Секој може да придонесе за општото добро со она што ќе го даде со отворено срце“.

На албумот се наоѓаат и песните „Еве ме пак“, „Најмило мое“, „Ќе се вратам некој ден“, „Еуфорија“, „Бам бам“ на кои пејачката работеше со голем број домашни автори како Ристо Самарџиев, Ѓорги Крстевски, Иван Јованов, Марко Маринковиќ, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, Иле Спасев, Панче Илиев и Столе Аврамов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ