ШЕСТ ФИЗИЧКИ НАПАДИ И ЕДЕН ИСКРШЕН АПАРАТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО СТРУМИЧКО!

март 25, 2019

 

На 22.03.2019 во 13:30 часот во Полициска станица Струмица Ф.М (37) од село Старо Балдовци пријавил дека на 21.03.2019 година околу 08:00 часот на улица во село Старо Балдовци бил физички нападнат од Ф.С (34) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2019 во 13:30 часот во Полициска станица Струмица Ф.М (37) од село Старо Балдовци пријавил дека на 21.03.2019 година околу 18:00 часот на улица во село Старо Балдовци бил физички нападнат од Д.Н од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2019 во 17:30 часот во Полициска станица Струмица Ф.Д (34) од село Старо Балдовци пријавил дека на 21.03.2019 година околу 17:30 часот на улица во село Старо Балдовци бил физички нападнат од Ш.Н, Т.Н и Е.Н од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2019 во Полициска станица Струмица Т.М (33) од село Баница струмичко пријавил дека истиот ден околу 19:00 часот во неговото дворно место во село Баница бил физички нападнат од Д.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2019 во Полициска канцеларија Ново Село Р.Ј (32) од село Мокриево струмичко пријавил дека во продавница во село Мокриево бил физички нападнат од К.М од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2019 година во 16:15 часот во Полициска станица Струмица порадо стпрено кривично дело „Телесна повреда“ е лишен од слобода и задржан Н.Б (32) од село Градашорци, струмичко. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.03.2019 во Полициска канцеларија Ново Село Б.С (31) од село Ново Село пријавила дека на 23.03.2019 година во 22:00 часот во казино во село Ново Село непознато лице скршило апарат за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ