Просветниот инспектор Зоран Узунов заедно со организацијата „Сега“ и фондацијата „Песталоци“ во посета на СОУ „Димитар Влахов“

октомври 12, 2018

Во среда на 10.10.2018 година претставници од Младинската организација „СЕГА“, Фондацијата „Песталоци“, претставници од истата организација од Швајцарија и општинскиот просветен инспектор Зоран Узунов извршија посета на СОУ „Димитар Влахов“. Целта на посетата беше да се направи увид во работата на ученичката заедница, начинот на демократското избирање на претседателството и органите и телата на ученичката заедница на ниво на училиштето.

„Нашето училиште од оваа учебна 2018/2019 година е избрано како пилот училиште кое ќе биде дел од проектот ,,Имплементација на Конвенцијата за правата на детето” , поддржан од страна на Детската Фондација Песталоци, а имплементиран од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука“ – напишаа тие на својата фејсбук страница.

За потребите на овој проект училиштето формираше тим за примена на ресурсниот пакет за ученичко учество и заштита на детските права. Тимот составен од пет вработени беше на дводневна обука пред почетокот на учебната година, за веднаш на почетокот да започне со успешно реализирање на предвидените активности според акциониот план, во сооработка со сите вработени и учениците во училиштето. Учениците уште на самиот почеток покажаа голем интерес и одговорност во спроведување на сите досегашни активности. Учениците со овој проект имаат прилика да стекнат вистинско искуство поврзано со соодветно нивно влијание врз донесувањето одлуки, за прашања што се од интерес за нивниот живот во училиштето и надвор од него. Нашето училиште постепено преку моделите на ученичко учество се трансформира во место на учење на демократија и демократско функционирање во општеството, наместо да служи само како место за стекнување на знаење. Демократски поминаа изборите во класните заедници, беше конституиран Ученички парламент, а сега следува воспоставување на модел – УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ