strumica denes logo

Општина Струмица вклучена во проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Култура

Струмица е меѓу шестте општини во Република Македонија вклучена во проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ кој е финансиран од Европската комисија преку европскиот инструмент за демократија и човекови права – Поддршка за граѓанското општество преку националната програма за поддршка во партнерство со фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Општина Струмица е вклучена преку основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса и „Сандо Масев“ и средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица во соработка со здружението „Вера“. Денеска се одржа договорна средба за реализација на проектните активности. Целта на проектот е да развие и да пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услови дизајнирани по нивна мерка.

Меѓу планираните проектни активности се развивање на модел на „Инклузивна општина“, подготвување на Локален акциски план за инклузија на лица со попреченост во развојот, градење капацитети на граѓанскиот сектор и локалните власти за планирање, собирање податоци и мониторинг на состојбата на лицата со попреченост и градење инклузивни средини за учење.