Јавен повик за набавка
за Проектот: „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планина Беласица преку брендирани други шумски производи“
1.Вовед
„Натура Нова“ од Струмица објавува Јавен повик за набавка на услуги – Организација на собирање, откуп и подготовка за преработка, пакување и означување на 3 вида други шумски производи од планината Беласица за потребите на проектот, согласно активност А2.4.
Основната цел на Проектот е воведување систем на заштита и одржливо користење на природните ресурси преку брендирање на крајни производи од други шумски производи (самоникнати, недрвни, шумски, диворастечки, некултивирани) преку постапка за заштита на географски назив со ознака на потекло на производот согласно законските прописи.
2. Техничка спецификација
Набавката се состои во организација на откуп на диворастечки плодови од питом костен (castanea sativa), боровинка (vaccinium myrtillus), и вргањ (boletus edulis) – други шумски производи со потекло од Беласица, и нивна подготовка (сушење, мрзнење, саламурење) за преработка и пакување.
Понудувачот треба да дастави спецификација од откупени производи питом костен, боровинка и вргањ, со следните параметри:
количини на располагње по видови во килограми,
квалитет на производите (селектирани, калибрирани,конфекционирани, друго),
состојба на производите (нивна подготовка – сушени, смрзнати, саламурени),
цена на подготвените производи по килограм,
вкупен износ на набавката.
Максималниот износ на набавката изнесува 75.000 денари.
3. Услови за учество на повикот
Повикот се однесува само за правни лица со регистрирани капацитети и седиште во регионот на Струмица (општини Струмица, Босилево, Ново Село и Василево), поточно регионот на планина Беласица.
Право на учество на повикот имаат првни лица кои се регистрирани за собирање и откуп на други шумски производи, и имаат Договор за собирање и откуп преку откупни пунктови со ЈП „Македонски шуми“ за 2018 година.
4. Рок на извршувањето на работата: 30 септември 2018 година.
5. Рок на доставување на понудите: 5 дена од денот на објавување преку јавни гласила во регионот на Општина Струмица.
6. Начин на плаќање:
Плаќањето ќе биде извршено по потпишување на Договор со избраниот понудувач. Плаќањето ќе биде извршено по достава на фактурa без ДДВ преку e-tax системот на УЈП.
ОПШТИНА СТРУМИЦА СО ЈАВЕН ПОВИК!
Денес се празнува Светиот маченик Калистрат
Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор,…
Струмичката компанија „МЕТАЛОПРОМЕТ“ вработува: 1. ПРОДАВАЧИ НА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА 2. ЕЛЕКТРИЧАР 3. ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР 4. ОПШТИ РАБОТНИЦИ ЗА РАБОТА ВО…
ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ од Владевци, вработуваат две продавачки за продажба на цвеќиња и онлајн продажба и десет жени, општи работнички…
Друштвото за трговија МГ АСТЕРИКС поради зголемен обем на работа,има потреба од двајца дистрибутери на овошје и зеленчук. Кандидатите треба…
Струмичката компанија МАРТИ ХИГИЕНА има потреба: 1. ХАУСМАЈСТОР 2. ХИГИЕНИЧАРИ 3. АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ Сите оние кои се заинтересирани за условите…
Денес се празнува Преподобна Ефросинија
Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога.…