strumica denes logo

ОПШТИНА СТРУМИЦА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ!

Автор:

Датум:

декември 14, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 14, 2018

Категории:

Култура

Општина Струмица продолжува со реализацијата на планираните активности иако се ближи крајот од буџетската 2018 година. Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот, а денеска заврши и реализацијата на еден поголем зафат, односно, поставување втор слој асфалт на четири улици со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни. Тоа се целата улица „Ката Поцкова“ и три крака кон улицата „Боро Поцков“ и делови од улиците „Ѓорѓи Василев“, „Младинска“ и „11-ти Септември“. Градоначалникот Коста Јаневски присуствуваше на завршните работи на улицата „11-ти Септември“ и рече дека со овој зафат прилично се подобри инфраструктурата во градот.