ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“-СТРУМИЦА СО ПОВЕЌЕ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“

декември 25, 2018

Во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, ООУ,, Никола Вапцаров“, Струмица, спроведе повеќе активности со своите ученици и одговорните лица Соња Дојчинова, Наташа Цонева-Лазаревска, Елена Банкова-Пандева и Мариза Милкова.

Со тие активности децата ја посетија и се запознаа со историските факти за работата на Турската пошта. На 21.12.18, петок, беше изведена посета и на Македонска пошта, на истата децата подарија нивно уметничко дело кое стана дел од амбиентот во просторијата на директорот на Македонска пошта.

Сите интересни факти што нашите ученици ги собраа при овие посети ќе бидат споделени во вид на ѕиден весник во холот на училиштето, со цел да ги надминеме сите разлики меѓу себе и да покажеме дека секое дете може да ги продлабочува своите интереси во образованието, во училишните клупи и надвор од нив.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: