strumica denes logo

Одржана промоција на книгата „Прикаски у три реда и еден уврт” од Ацо Ѓоргиев!

Автор:

Датум:

јули 2, 2023

Категории:

Култура, Струмица

Автор:

Датум:

јули 2, 2023

Категории:

Култура, Струмица

Заради лошите временски услови, промоцијата, наместо на отворено се одржа во затворениот дел од црквата “Св. Ѓорги” во Муртино.

Книгата кратки раскази (анегдоти) од струмичко, напишана на струмички дијалект е досега единствена од таков вид објавена на овие простори.

Промотивни говори одржаа: писателот Киро Донев, фолклористот Иван Котев и д-р Ана Витанова-Рингачева, професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип.

Присутната публика уживаше во неколкуте хумористичните анегдоти прочитани од Рената Атанасова.