Home

Perdormire
Култура

(ОБНОВЕНО) 11 повредени во сообраќајка во Струмица, двајца потешко

Home
11 лица од кои двајца потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случи рано утрово на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село на влезот пред  селото Робово.  Две патнички возила,од кои  едно марка мерцедес, едно ауди и трактор  биле учесници во судирот во кој со повреди се здбиле 11 – те патници. Десет од повредените лица кои се наоѓале во патничките возила се на  возраст од 16 до 25 години, додека возачот на тракторот е 49 годишен маж.

Веднаш по несреќата сите повредени се примени во амбулантата на хируршкото одделение во струмичката болница каде на деветмина им  биле констатирани лесни телесни повреди . По извршените прегледи и укажаната неопходна медицинска помош  сите се пуштени на домашно лекување.

Кај двајца од учесниците во сообраќајката од кои едно момче и една девојка се констатирани тешки телесни повреди и тие се задржани на хируршкото одделение. Едниот од нив е со повреди на коленото, додека другиот на лицето. И двајцата се надвор од животна опасност и во стабилна состојба,  но остануваат на понатамошна опсервација. Засега нема конкретни информации како дошло до несреќата и која била причината поради која се судриле  трите возила. Истрагата е во тек, а причините ќе бидат познати по целосното расчистување на случајот.

Целиот видео прилог погледнето го на телевизија Сител