НАГРАДАТА „ОРФЕЈ” ЗА СТРУМИЧАНКАТА ВАЊА ИЗОВА ВЕЛЕВА

август 10, 2018

Наградата “Орфеј” што ја доделуват издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација Македонија презент од Скопје за најдобра поетска книга ја доби поетесата Вања Изова Векева за стихозбирката Чекор по жица во издание на Издавачката куќа Паблишер од Скопје.
Изборот на наградената книга го направи селектирот проф.д-р Христо Петрески, а поетската книга Чекорпо жица се издвои како зрел и оформен поетски ракопис со згуснат, лапидарен, јадтовит, концизен и чист стил и јазик. Во книгата има бројни симболи, метафори, филозофеми, согледбиѓ пораки, сознајби и значења.
 
Вања Изова Велева, (Струмица)-поет, член на Друштвото на писатели од 1995год. ,директор на СОУ„Јане Сандански“-Струмица.
Во 2012 магистрирала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиска програма за постдипломски студии под наслов КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ ВО КНИЖЕВНОСТА и се здобила со звање магистер по културологија.
Автор е на збирките:
1. Вентил во постоењето-1993
2. Смрттта на рибата-1995
3. Зашиени грла -1997
4. Правта не зборува -2002
5. Плач во кутија- 2007
6. Бездна угоре- 2010
7. Позајмена прашина-2013(поезија)
8. Безмалку-2015 (избор поезија)

Автор е на прозните записи Неколку легенди за Струма -2011 г.и на книгата Жената и каменот,2013г.(магистерски труд)
Коавтор е на монографското издание „Чекори по ѕвездените штици“.
Автор на документарен филм за Дојрана.
Застапена е во повеќе антологии.Дел од нејзината поезија е препеана на: англиски, француски, српски,словенечки, бугарски,шпански,полки руски јазик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ