Како што најавивме претходно, Академскиот сликар од Струмица-Александар Филев ќе ја отвори својата 9 самостојна изложба на 9 ноември со почеток од 19:30 часот во НУЦК „Антон Панов“-Струмица. Станува збор за поголема изложба на која ќе бидат презентирани 100 дела со поголеми формати работени во последните три години. Филев во изјава за нашиот портал вели дека се поканети сите оние кои уживаат во уметноста. Тимот на Струмица Денес со огромно задоволство и внимание ќе го проследи овој важен настан за нашиот град.
ЛИНК ОД ЕВЕНТОТ: https://www.facebook.com/events/1199326423566483/