Традиционалната музичка средба на лицата со телесен инвалидитет се одржи синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“.
Како дел од програмата на Струмица Опен фестивал оваа година беа и 25-тите музички средби на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“.
Заедно со нив настапи групата „Надеж“ од Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ со перформансот „После дождот“.