Момците од Нокаут ќе ги донесат најромантичните звуци на препознатливата сцена во градскиот парк на годинашното седмо издание на Струмица ОПЕН фестивал. Бендот ќе настапи како дел од културно-уметничката програма со целовечерен концерт на 14 август од 22:00 часот на Езерцето.
Интимна и хитовска вечер со певливите безвременски рефрени „Лебедот бел“, „Илијада причина за крај“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“ и многу други.
Нокаут е еден од најуспешните македонски бендови кои постојат 2 децении и ги имаат најпосетуваните концерти на домашната музичка сцена.