На последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), во Шпанија, Иџе го освои второто место.
Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија беше трка за паметење.
„Изгубено е првото место за 0.8 стоти делови од секунда. Тоа докажува какви се овие трки, неизвесност до самиот крај, борба при секоја кривина за што подобар пласман. И покрај тоа што во првото и третото возење, имав најдобро време и прва позиција од сите натпреварувачи, за жал, во второто возење направив грешка, која не чинеше позиција на пиедесталот. Секако, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од трката која помина. Огромен успех за мене и за Македонија е да се биде на еден ваков натпревар со 100 натпреварувачи, вели Стефановски.
Иџе додава дека е вистински горд што публиката во Шпанија го дочека величествено, како трикратен европски шампион.
Благодарност до мојот тим, како и тимот на Ферари кои беа со мене во последниве трки. Благодарен сум за нивната пожртвуваност и подготовката на автомобилот за постигнување на овие вистински, извонредни резултати. Со оваа трка и освоените бодови, се позициониравме на првото место во групата 1, и второ место во генералниот пласман од сите натпреварувачи. Со мојата екипа, веќе сме на пат за Македонија, а веќе следната недела не очекува петтата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) која ќе се вози во Чешка, изјави Стефановски.
Стефановски се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш упатува искрени честити до Иџе за постигнатиот успех во оваа трка. До крајот на овој шампионат, остануваме посветени во поддршката и ќе продолжиме заедно да навиваме за Иџе и Македонија.