strumica denes logo

Градоначалникот Јаневски ги посети децата вклучени во целодневниот престој во градинката „Детска радост“

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

Во градинката „Детска радост“, клон 2, започна да функционира целодневниот престој на децата на возраст од 6 до 10 години. Запишани се околу 50 деца – ученици во основните училишта „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“ и „Никола Вапцаров“ и со нив работат двајца воспитувачи од одделенска настава. Децата кои сега се вклучени во целодневниот престој имаат и организиран превоз од училиштата во придружба на воспитувачите и добиваат ручек и ужинка. Со ова општина Струмица им помага на родителите кои поради работни или други обврски не се во можност да бидат со своите деца во домовите и да им помагаат при извршувањето на училишните обврски. Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, денеска, ги посети децата вклучени во целодневниот престој и при тоа потенцираше дека интересот за вклучување на децата во целодневен престој е голем и овој простор не ги задоволува целосно барањата на родителите, но општина Струмица и градинката „Детска радост“ ќе направат се овој проблем да се реши со цел што поголем број на деца да бидат вклучени во целодневниот престој.