Младиот брачен бар Живе Коцев и Марија Кармазова докажаа дека вербата во луѓето не треба никогаш да ја изгубиме и дека доброто на овој свет се’уште постои! Направија гест кој секогаш ќе биде запаметен, бидејќи парите собрани од својата свадбена веселба ги донираа за Никола Новоселски.
„Фала од срце за донацијата од вашата свадбена веселба која лично ја донесовте. Да сте живи и здрави и среќен брак“ – напиша мајката на Никола.
Инаку, 32 Годишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува. Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува. По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.