Струмичани отсекогаш биле дел од движечкиот бран на народ кој ја туркал татковината напред и храбро се прилагодувал на промените што ги носело новото време. Иновативци сплотени во идејата за подобро утре. Народ, кој, базирајќи се на својата сплотеност и единственост придонесувал за брзиот општествен развој на градот и неговата околина, но и на тогашната голема федерација Југославија.
Со фотографиите од Стара Струмица, ве навраќаме на споменот за Васил Георѓијевски, попознат меѓу струмичани како Васо летачо.
Васил Георѓијевски е човекот кој ќе ја посвети својата младост за достигнување на највисокиот човечки идеал – слободата. Вечниот борец за слобода и правда бил дел од народно ослободителната борба, како учесник во воздухопловните сили на тогашна Југославија. Георѓијевски бил единствениот наш претставник во воздушните сили во тој период.
Приложените фотографии датираат од периодот 1943 – 1950 година, а се направени во Белград.
Вечна му слава!