(ФОТОГАЛЕРИЈА) „ВЛАХОВЦИ“ НА ПРАКТИЧНА РАБОТА ВО САНДАНСКИ-БУГАРИЈА!

септември 27, 2018

СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ :

Деновиве група ученици од нашето училиште, заедно со своите професори престојуваат на практична работа во Сандански, Р. Бугарија. Во рамки на овој проект од Еразмус + програмата под водство на професорите Томе Тимов, Ивана Ѓорѓева и проект менаџерот Зоран Ристов-Патриков, учениците можат да ги стекнат неопходните практични вештини за да бидат имплементирани побрзо и полесно на пазарот на трудот. Затоа што целта на образованието во земјоделскиот сектор е да се создадат кадри со висок квалитет на практични вештини, а не само теоретски знаења.
Заедно со партнерот IVEM LIFE LTD, развивме програма за различни практики во Бугарија, што е во согласност со наставната програма на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица и вклучува стекнување искуство во модерна и успешна био-фарма која развива автоматски системи, модерни техники и алатки, искористувајќи иновативни пристапи во растителното производство и сточарството, како и со богато искуство во агроекологијата и винарството.
Програмата за пракса е разработена во согласност со целите на проектот за зголемување на компетенциите на корисниците во конкретната област, зголемување на претприемничките вештини на младите. Усвојувањето на знаења и искуства од областа на агробизнисот и управувањето со малите и средни семејни фарми е поврзано со развојот на руралните области во Македонија, а особено во областа на Струмица. Програмата, исто така, ги вклучува следните активности: “Од градината – на маса” – подготовка на храна од производите произведени на фармата; “Био Холидеј” – практични фарма-активности поврзани со услуги на клиентите во рурален туризам, објект како можност за развој на агробизнисот; “Маркетинг иновации во агробизнисот”; “Работилница за претприемништво за идеи”.
Проектот ги поставува следните цели:
1) Надградување на знаењата, практичните способности и професионалните компетенции на учениците, постигнувањата во училиштето преку: усвојување на современи технологии и работа со нова механизација во руралната економија; примена на нови форми и асимилација на сет на практични вештини во руралниот туризам; проучување на странското искуство во аграрното работење, проучување на современите практики во лозарството и земјоделството – една од најпознатите ветувачки индустрии за Македонија со тенденции за поголем развој во наредните години.
2) Подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на воспоставено меѓународно партнерство, трансфер на добри практики во стручна обука;
Како дополнителен ефект, проектот ќе придонесе за подобрување на социјалните компетенции на учениците, нивната мотивација за учење и професионален развој и нивната конкурентност на пазарот на трудот
3) Поттикнување на развојот на европскиот простор за учење во текот на животот и подигање на свеста во врска со ова прашање со цел да се поддржи модернизацијата на системите за образование и обука во аграрниот сектор;
4) Подобрување на клучните компетенции и вештини, особено во однос на рамномерноста на адекватноста на пазарот на трудот и нивниот принос за здружено општество, особено преку поголеми можности за мобилност на образованието, како и преку зголемена соработка помеѓу секторите на образование, обука и пазарот на трудот;

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ