Неодамна во Струмица се случи спектакуларно отварање на новиот современ италјански ресторан во Струмица – ДЕГУСТО во кој струмичани со сигурност ќе уживаат. На отварањето присуствуваа многу гости кои им посакаа на сопствениците успешна и долга работа!
„Се менува стилот на јадењето во Струмица со чаша вино и добра паста и секако добра риба. Јадењето без вино е како ден без сонце. Кујната на ДЕГУСТО е полна со љубов“ – изјави за порталот Струмица Денес сопственичката на ресторанот.
Во продолжение погледнете го видеото и целосната фотогалерија од самото отварање: