strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СТРУМИЧКА СВАДБА ПРОГЛАСЕНА ЗА СВАДБА НА МЕСЕЦОТ!

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 4, 2018

Категории:

Култура

Совршена романтична љубовна приказна Јулиана и Свен. Таа е струмичанка, а тој германец. ….и се започна со една слика, така се запознавме-ни раскажа Јулиана-Џули.

Свен за прв пат доаѓа во Македонија пред две години како кум на детето на нашите фамилијарни пријатели. Љубовта која не преплави не донесе пред олтарот во истиот манастир после две години за да го кажеме големото Да. На сето ова претходеше запросување под Ајефеловата Кула во Париз како големо роденденско изненадување. Свадбата беше во Ројал парк Струмица а специјално изненадување беа Next time омилената група на Свен кој ја обожава Македонија и гордо играше оро и традиционалното качување на тапан.

Фустанот ми е од Pronovias од колекцијата 2018та , си го донесов од Германија. Ме шминкаше Драган Гоцев студио Даци, сликите ги правеа Studio 38.пееа Горан и Ленче Кукиќ. На Јулиана и Свен од се срце им честитаме и им посакуваме љубовта засекогаш да остане во нивните срца и да изнародат убави деца како што се они двајца.