„Шаренило од маски и денеска ја наполни Струмица. Три илјади дечиња со своите раскошни креации учествуваа во Детскиот карневал и покажаа дека во Струмица љубовта кон карневалот се негува уште од најрана возраст. Честитки до сите дечиња кои што ни го разубавија денешниот ден и ни потврдија дека нашиот карневал има загарантирано продолжување на вековната традиција“– напиша градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски на својот официјален фејсбук профил.