(ФОТО) Пожар во семејна куќа во Струмица: Изгореа две поткровја

август 27, 2018

ИЗВОР:МИА

Вечерва, по 21 часот, голем пожар избувна во куќа  на улица „Киро Абрашев“ во Струмица. Пожарот ги зафати двете поткровја од семејна куќа, а пожарникарите со крајни сили  успееја да ја локализираат огнената стихија и не дозволија поради ветрот да се прошири на соседните куќи.

Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе противпожарни возила на ТППЕ Струмица.

Повредени и загинати нема, а на место на пожарот има и возило на Итна медицинска помош.

Оригиналната вест може да ја погледнете на следниот —— ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ