Дваесетина субјекти од општина Струмица ќе бидат дел од Европската Младинска Картичка

јули 18, 2019

Младите на возраст од 15 до 29 години од 1 јули годинава можат да ја користат Европската младинска картичка, со која добиваат поволности и попусти во повеќе од 400 субјекти поделени во неколку сектори и тоа угостителски услуги, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри, здравство, превоз, обуки за стручни вештини и други.
Преку Европската младинска картичка младите ползуваат многу бенефиции што токму таа ги овозможува и со тоа директно се излегува во пресрет на барањата на младите да им се олесни секојдневниот живот.
Аплицирањето за картичката е онлајн, преку апликација во која корисникот ги внесува личните податоци. Повикот за аплицирање за картичката е отворен на веб страницата www.mladinskakarticka.mk, а издавањето на картичките се одвива по аплицирање на линкот. Младите ќе може да ги подигнат картичките и да се информираат на повеќе локации одредени од Агенцијата за млади и спорт, а постои можност картичката да им биде доставена и по пошта.
Во рамките на целиот овој процес, се опфатени и субјекти од општина Струмица кои нудат попусти и бенефиции за младите со интенција во иднина истата постојано да се зголемува.Целата листа на субјекти во општина Струмица може да се види во прилог:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ