strumica denes logo

ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Умрело дете за баничка – струмичка усна традиција!

Автор:

Датум:

март 9, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

март 9, 2019

Категории:

Култура

Струмичани денешниот пред прочка го нарекле „умрело дете за баничка“. Приказната има тривијален карактер и зборува за тоа дека некогаш на тој ден некое сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. Но веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропусната недела кога постот станува построг. Млекото и млечните производи се јадат последно во оваа недела, а православната традиција налага не само да се изеде туку и да се поделат млечните производи со другите.