ЧЕСТИТКИ: МЛАДАТА СТРУМИЧАНКА АЛЕКСАНДРА АТАНАСОВА ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ ПРВ РОМАН „ЗБОРОВИТЕ НА ТИШИНАТА“

август 15, 2020

Осумнаесет годишната Александра Атанасова од општина Ново Село деновиве ја сподели нејзината прва радост на социјалните мрежи. Станува збор за романот ,,Зборовите на тишината” за чијашто промоција сé уште не се знае точниот датум поради ситуацијата со корона вирусот. Но, таа оптимистички гледа на работите и се надева дека во најбрз временски период таа ќе го промовира својот прв роман заедно со нејзината прва соло изложба (слики на платно).

За себе таа вели дека е пресреќна што го исполнила нејзиниот најголем сон во животот, и е многу благодарна на сите кои беа дел од процесот на издавање а посебна благодарност упати до нејзиниот рецензент Владе Ефтимов. Честитки Александра!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ