Поминаа нешто повеќе од 11 години откако нема организиран дочек на Нова Година на струмичкиот плоштад „Гоце Делчев“, но пак затоа струмичкиот плоштад секоја година е украсен на највисоко можно ниво. Оваа фотографија која успеавме да ја пронајдеме е од далечната 1996 година кога очигледно имало добра забава за најлудата ноќ во годината.
Дали сметате дека оваа традиција која одамна е прекината треба повторно да се врати?