АНКЕТА: Дали струмичани собираат фискални сметки?

јули 14, 2019

Собранието по скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Законот има цел физичките лица да бидат мотивирани самите да бараат да им се издадат фискални сметки поради остварување на правото на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, со што се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема и наплата на даноци, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници.

Со законот се пропишува дека физичките лица кои имаат навршено 15 години возраст доколку ги исполнат условите пропишани со законот, ќе можат да го остварат правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност.

За остварување на ова право, истите ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар-кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Со горенаведеното пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15% од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје“, се вели во законското образложение.

Апликацијата МојДДВ преку којашто граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки е достапна за преземање преку google play store и веб страната на Управата за јавни приходи каде што е поставен линк којшто нуди опција за преземање.

Дали струмичани сметаат дека собирањето фискални сметки и нивното скенирање е исплатлив труд и  дали по објавувањето на законското решение се забележува зголемена тенденција за барање на фискална сметка?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ