(ФОТОГАЛЕРИЈА) УМС СО ПРОГРАМА ЗА ПЕТТЕ СТУДЕНТИ!

август 13, 2018

 

Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Општинскиот огранок во Струмица во пресрет на денот на погибието на Петте студенти направи посебна програма. Најпрвин во саботата се реализираше Планинарски марш кој го предводеше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој имаше и видео обраќање од спомен местото под врвот на Беласица. Наредниот ден во Неделата Претседателот Христијан Велков ја промовираше Разгледницата која младите ја изработиле во чест на споменот со цел да се испрати на разни локации.

Еве што стои на ФБ страната на УМС.

„На денешен ден 13-ти август 1951 година по грозоморно мачење се убиени Петте струмички студенти. Борис Белев (22г.), студент по физика, Стево Топчев (19г.), студент по право, Ѓорѓи Костуранов (21г.), студент по медицина, Ѓорѓи Јармов (22г.), студент по геологија и Мирко Пецев (23г.), студент по право се ликвидирани за идеите на самостојна и демократска Македонија. На чело на колоната од планинарскиот марш беше Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Разговараше со секого од нас во тој подвиг, во тоа дружење од неколку часа. Неуморен и полн со енергија ( верувајте – има кондиција) образован и со пријателски совет за секој проблем и дилема. Гордост за нас, добро за Македонија што во овие тешки денови ВМРО-ДПМНЕ за лидер има ваков силен карактер. Во саботата го посетивме местото на убиството на Беласица, а денеска присуствувавме на Панихидата на градските гробишта и се поклонивме пред нивниот споменик во паркот пред нивната улица. Младите македонци како завет го чуват нивниот идеал: со образование, со почитуваност во средината неуморно да се грижиш за иднината на својот народ и татковина. И во тие години додека ги пренесуваа коските на Гоце низ Струмичката чаршија и додека сите коленичеа пред апостолот во Слободна Македонија никој не помислуваше дека некој ќе ги зарвора и убива внуците на неговите соборци и сокласници… Опасноста Македонија да остане роб на поделбите, брат на брат да биде душман. Но, затоа пак тој вечен процес на мачеништвото раѓа нови и нови борци и идеолози. Тие испишуваат патеки. Ние сме тука да ги одиме тие патеки. Да земеме завет и да собереме нова енергија. Нека им е вечна слава“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ