До 19 часот, според неофицијални информации, нешто помалку од 500 лица во Македонија кои имаат право на глас на парламентарните избори во Бугарија, го искористиле своето право и гласале на едно од избирачките места во земјава. – пишува медиумот 360 СТЕПЕНИ.
Најмногу гласачи излегле во Скопје – 130. Во Охрид гласале 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70.
Во 19 часот, единствено е затворено гласачкото место во Битола, додека останатите беа затворени во 20:00 часот.
Во трката за 240-члениот бугарски парламент, на денешните избори се натпреваруваа 6 895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Според првичните проекции, во новиот парламентарен состав ќе има шест или седум партии.
Првичните проекции се дека владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов освоила најмногу од гласовите.
ИЗВОР: 360 СТЕПЕНИ