strumica denes logo

ЗА ПРВ ПАТ: СТРУМИЦА ДЕНЕС СО НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА МАЖИ НА СТРУМИЧКИ ДИЈАЛЕКТ!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Категории:

Култура

Напоменуваме дека овој хороскоп е направен се со цел да ги расположи и насмее читателите. Во наредната објавата ќе биде обработен и неделен хороскоп на струмички дијалект за жени.

Овен

Ќе имате ного повеќе среќа таа недеља, оти е можно да добиите некоо новост у врска со работа у странство. Ако имате аплицирано за бугарски пасош, чекајте да ви се јават тии денове да си го подигнате. У врска со здраавето, намалејте со каавето насабаале. Шо се однесува до љубовта, га греете партнерката како огин од дебели, крадани дрва.

Бик

Значи доста беете далдисани. Концетрација си треба додек ги извршувате работните задачи! Земната ве вика назад, ајде, доста беше летане низ облаци! Ноември е, не почнувајте оште од сега со планове за Нова Година. Как и да е, најверојатно пак ќе си ѓуле, дек и да си!

Близнаци

Доста со таа бивша, аман! Оставила те, оставила те..Прва и последна љее? И така ѕвездите викат оти ич нее за тебе. Збири другаарто и ајде на пиво негде!

Рак

Планетта Јупитер ти носе ного среќа у поољто на паарте. Редно време е да почнаш да се коцкаш у кладилници или да фаташ да се баваш со блогер.

Лав

У врска со љубовта, конечно треба да и’ ојдаш на таа господичната шо те аресе, чека она сигнал од тебе. У врска со работта и учеенто, доста се излежава како бубрег у лој.

Девица

Можни се проблеме со системо за варене на храна..Значи у превод, очекувајте ич не убав мирис у вецето и топла шолја.

Вага

Елан за работа имаш, ама човецте около тебе не ги бива. ‘Ржни малце, писни, покажи тии заби!

Скорпија

Значи, никој не тее крив шо си наивен и чат-пат смотан. Отвори тии очте и гледи шо ти се сервире, навреме си дај џуапо!

Стрелец

Доста со тва расфрлане со пари, човече, не си Бил Гејтс. Тури си катанец на новчанико или дај си го на жена ти..До душа, поарно прво стај му катанец па дај го на жена ти.

Јарец

Колко и да пробуваш, не ти успева да си сменаш тии пусти ќутове. Оште од малечок ти пискаа за них, а саа и ѕвездите кажуват оти е крајно време да ги отстранаш. Не дај боже, ќе ти се обрне цел зодијак наопко и после шо прааме?

Водолија

Арно вика името на твојо хороскопски знак, В О Д О Л И Ј А. Значи да пииш повеќе вода, помалко ракија, пиво и редбул! Таа недела очекуви расправии со твојта поубава половина, има да те напраа бркни-искари!

Риби

Абе се убаво со тва шо нејќаш да се фалаш, ама покажи бе мајка му стара оти и тебе те бива за нешто! Дигни тај глас, шо си се повлечел назад??