Запросувањето е важен чекор од животот и на двајцата идни сопружници. Токму затоа, овој момент останува довека во сеќавањето и за него честопати се прават долги подготовки.
Секој се обидува да биде креативен и на посебен начин да ја изненади својата сакана, но некои едноставно приредуваат сцени слични на оние филмските. А кој ќе изненади, ако не струмичанец?
Стефани Митрова го кажа судбоносното „ДА“ на Ване Милчовски во крајно романтична атмосфера.
Тимот на Струмица Денес им упатува искрени честитки и им посакува успешен брак, а вие, погледнете го краткото видео и убедете се самите: