МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА СО АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ И ВЛАДЕЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!

мај 29, 2020

Вчера во просториите на Македонски Полициски синдикат – Скопје, претседателот Проф.д-р Марјан Кицев потпиша меморандум за меѓусебна заедничка соработка со претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права “Менаџер за корпоративна безбедностˮ–Скопје,од Проф.д-р Атанас Козарев.

Земајќи ја во предвид намерата за воспоставување на заедничка соработка, страните на Меморандумот се согласија дека примарната цел на Меморандумот е да создаде платформа за соработка помеѓу Асоцијација за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права “Менаџер за корпоративна безбедностˮ – Скопје и Македонски Полициски синдикат .

Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат во интерес на развојот на високото образование, на следните начини:
*Размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес;
*Учество во заеднички проекти во областа на високото образование и академските истражувања и тоа: проекти за развој и професионализација полициската професија и организација, истражувачки проекти, промотивни проекти за унапредување на демократските процеси и владеење на правото во областа на полициското рабботење.
*Организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.

Заедничките активности и проекти ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на Меморандумот за секоја поединечна активност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: