ЗАСВИРИ СИМФОНИЈАТА „ЖИВОТ“ : СПАСЕН Е НОВ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА, ИЗВРШЕНА ПЕТТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СРЦЕ!

август 25, 2021

Д-р Кристијан Бундовски:

Почитувани,
Рано утринава започна да свири симфонијата “Живот”, за која што се надевам се сеќавате нема изгубено тоналитет повеќе од година дена. Под диригентство на Проф. Др. Сашко Јовев и асистенција на вистински “мајстори” за срце, вредните раце на целиот тим на Државната Кардиохирургија и овој ден за нас е нова надеж. Вештите раце и ладните глави, со срца во тахикардија и зеници во миоза, за неколку часа се случи повторно она за кое се бориме, се спаси нов живот, се направи Петта Трансплантација на Срце во нашата земја. Знаете, можеби за многу работи ние сме слаби, ама почитувани граѓани, драги Македонци, за Трансплантации на срце сме вистински ѕверови и со вакво темпо одиме кон целта да сме лидери во регионот.

Еј, лидери во Кардиохирургија, па тоа е како да сме го освоиле најголемото Олимписко злато, Светско првенство во фудбал, европско првенство во кошарка и Гренд слем на тенис зошто ова не е натпревар за награда, ова е натпревар за ЖИВОТ !

ПС: До следна трансплантација 😉

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ