ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ-СТРУМИЦА, НА 23 МАРТ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА!

март 19, 2018

Хуманитарен концерт кој го подготвуваат волонтерите од Црвен Крст-Струмица,кој ќе се случи на 23 март 2018 година со почеток во 19:30 часот.

Годинава,како дел од ПХВ проектот ќе се изведе ексклузивен концерт,насловен како “Мultisound”. Околу 50-тина учесници ќе се најдат во улога на солисти,инструменталисти и танчери.

За прв пат на струмичката сцена ќе настапуваат заедно припадници од Македонска и Турска националност.

Влезници пред влезот: 100 денари.
Претпродажба: 50 денари.

Продажни места:
понеделник-петок
СОУ “Jане Сандански”
СОУУД “Димитар Влахов”
сабота и недела
плоштад “Гоце Делчев”

Времето поминато во забава ќе измамат нечии насмевки.Средствата од овој концерт се наменети за социјално загрозено семејство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ