ТОМЕ ЈАНЕВ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ КОИ МИ ПОМАГАТЕ, ГОСПОД ЗДРАВЈЕ ДА ВИ ДАВА!

мај 4, 2019

ТОМЕ ЈАНЕВ: 

Драги пријатели, најдрага моја подршка

Сакам да изразам огромна благодарност на сите луѓе во и надвор од нашата држава кои безрезервно ми помагаат и донираат за моето лекување во Русија, а воедно од најбитно значење за мене во овие моменти е што со вашите пораки и морална подршка ми давате сила да се борам и да останам позитивен и храбар. Благодарност и до сите фудбалски клубови кои веднаш ми подадоа рака, до сите локални кафичи, кафани, ресторани кои издвојуваат од нивниот приход за моето лекување, до сите пријатели кои активно собираат помош на социјалните мрежи, до моето семејство и мојата девојка чија што љубов и сила ми се инспирација да продолжам понатаму. И за крај сакам да се заблагодарам за средбата со министерот за здравство Венко Филипче и до Вице Заев кои ми дадоа дополнителна мотивација и сила да издржам во овие моменти, ми овозможија да одам на посебен вид на терапија која е важна за моето здравје и ме упатија на дополнителни прегледи во Белград наредната недела и секако најбитно во моментот е што најскоро да заминам во Русија. Сето ова немаше да биде возможно без подршката и хуманоста од сите вас.❤️❤️❤️

Фала ви за се и Господ здравје да ви дава. Имајте убав ден и викенд.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ