Спортските обложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите со донација за семејствата погодени од земјотресите во Албанија!

декември 2, 2019

„Спортските обложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите донираа за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија. Донацијата се состои од конзервирана храна, вода, сокови, хигиенски средства итн.“, стои во соопштението на ЕВРОТИП.

Спортските обложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и што поскоро опоравување на повредените во земјотресите кои ја погодија Албанија. Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ