bandr
Хуманост

ПРОЛЕТНО СОБИРАЊЕ НА ДОНАЦИИ ЗА ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИТЕ, СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА И САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ – ОТВОРАЊЕ НА СОБИРНИ ПУНКТОВИ ВО СТРУМИЦА

Почитувани,
Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ ќе отвори мобилни собирни пунктови на три локации во градот Струмица.
На истите ќе се собираат донации во храна, хигиенски средства и средства за чистење. Истите ќе бидат наменети за покривање на потребите на социјално загрозените семејства кои се посетени од страна на Здружението во предходниот период на територијата на Општина Струмица, како и во останатите градови на Република Македонија.
Ќе бидат опфатени следните локации:

ПУНКТ 1 : Маркет ЗДРАВЕЦ – кај Поштата, во близина на ТППЕ на Струмица;
ПУНКТ 2 : Маркет ЦРВЕНА РУЖА (Булевар Маршал Тито);
ПУНКТ 3 : Плоштад „Гоце Делчев“, во близина на маркетот РАМСТОР;
Вторник, 05.06.2018 год. во период од 10:00 – 20:00 часот

Ги повикуваме сите добронамерни луѓе од Струмица и околните места да дадат дел од себе и на дело да ја покажат својата хуманост. Потребите на сиромашните се големи, но доколку секој од нас се одважи и даде еден мал дел, бројот на сиромашните ќе биде во опаѓање. Доколку за момент погледнеме во нивниот живот, можеме да сватиме колку всушност ние многу имаме. Храната е основна потреба и треба да биде достапна секому, бидејќи секој има право на достоинствен живот.
Ајде сите заедно да придонесеме во промена на свеста кај луѓето за донирање практикувајќи ВИСТНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ.

Со почит,

Тони Станковски

Претседател, ЗГ „Љубезност“