ПОМОШ ПРИСТИГНА И ОД УНГАРИЈА: Виктор Орбан прати помош за Македонија, Мицкоски му се заблагодари!

април 6, 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им се заблагодари на унгарскиот Премиер, Виктор Орбан и целата унгарска влада, што одговориле позитивно на барањето за помош за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

По минатонеделното барање на Мицкоски, шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, денеска во Скопје доаѓа со пакети помош составена од маски и медицински заштитни одела за луѓето во првата линија во борба против пандемијата.

Загрижувачката состојба со корона вирусот не може да остави рамнодушен никого. Токму затоа сметам дека потребно е да се покаже хуманост и да се дејствува, секој во рамките на своите можности и средствата со кои располага. Времето поминато во политиканство и ниски страсти значи пропуштено време да се дејствува и вистински да се помогне. Затоа решив да помогнеме од позиција на опозиција со сите наши сили и онолку колку дозволуваат условите – истакнува Мицкоски.
Истовремено, освен за помошта која ќе биде значајна за нашите луѓе кои се борат да спасат животи, Мицкоски се заблагодарува и за тоа што во услови на затворени граници, ова ќе биде прва официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња.

Пријателите се познаваат во тешките моменти. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја. Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје. Сакам да соопштам дека многу брзо ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштитата на здравјето и борбата против короната. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите. Се надевам дека целата влада ќе ја поддржат иницијативата, но уште поважно, така заеднички ќе испратиме благодарност до оние кои се вложуваат себе си, за сите нас! – истакнува Мицкоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ