ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ДИЈАКОНИЈА МАКЕДОНИЈА“ ДОБИ 80 ПАКЕТИ СО ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ЌЕ БИДАТ ПОДЕЛЕНИ ВО СТРУМИЦА И ОКОЛИНАТА!

мај 21, 2021

„ДИЈАКОНИЈА МАКЕДОНИЈА“ :

Кога Светот сеуште е исправен пред проблемот со Ковид-19 пандемијата, кога секој ден сме сведоци на голем број заболени и голем број починати но сведоци сме и на огромен број граѓани кои ги губат своите работни места, а со тоа и така скромната егизстенција станува уште по скромна.

Благодарејќи на поддршката на Европската Унија која повеќе од три години ја дава на Банката за храна МК преку проектот ВСС Ефект, па ние Дијаконија Македонија како партнер организација денес добивме 80 пакети наменети за лица со социјален карактер и со ова ја одбележиме со огромна Национална Акција со наслов #СтоимеЗаедно – #WeStandTogether – #Qëndrojmësëbashku .

Целта на ВСС Ефект проектот е зајакнување на капацитетите и подобрување на надлежностите за вистинско ублажување на (со храна) сиромаштијата проект, поддржан од Европска Унија е да поттикне подобрување на правната и институционалната рамка во државата, која ќе овозможи соодветна превенција на фрлањето храна. В-С-С е дизајниран со намера да создаде адекватна средина, која ќе стимулира отворена дебата помеѓу граѓанските организации и различните заинтересирани и засегнати страни и ќе инспирира заедничка акција за превенција и намалување на фрлањето на храна и на гладот.

В-С-С ефект е заеднички проект чија што цел е да ги инспирира, зајакне и поддржи локалните граѓански организации и граѓаните. Неговата мисија е да создаде подобар пристап до здрава и безбедна храна за сите.

Во време од 14ти мај до крајот на месецот, ќе се реализира една од најголемите акции што една граѓанска организација воопшто спровела на овие простори – подготовка и дистрибуција на 1620 прехранбени пакети, 6480 заштитни маски и 1620 дезифектанти до 1620 семејства во 20 општини во нашата држава.

Ние како организација и партнери на Банката за храна МК ја превзедовме обврската да прифатиме и поделиме 80 пакети во нашата општиа Струмица.

Изјава од Извршниот директор за Дијаконија, Мартин Конев:

Ние како партнер организација со Банка за храна сме благодарни посебно на претседателот на Банката, господинот Душко Христов за можноста што ја имаме овде да добиеме 80 пакети со храна и средства за дезинфекција. Оваа донација е од голема помош бидејќи ние како оргнизација, Дијаконија работиме цели 21 година и дневно прехрануваме околу 250 лица во градовите Струмица и Радовиш. Бидејќи не е лесно секој ден да се обезбедуват донации за толку многу луѓе, сега ја искористувам приликата да упатам апел до јавноста и бизнис секторот, да и тие се приклучат во борбата против гладот за заедно да се бориме против искоренувањето на гладот од општеството. Во Македонија се произведува доволна количина храна и зеленчуци за да нема воопшто гладни луѓе, но за жал поради малата доброопштествена хуманост на луѓето, вишокот храна се фрла во депониите, а не завршува на трпезите на гладните луѓе.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ