Perdormire
Хуманост

КОСТА КОСТАДИНОВ: МОЈАТА ДЕКЕМВРИСКА ПЛАТА ЌЕ ОДИ ЗА ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА!

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

Еден од темелите на мојата социјалдемократска идеологија е солидарноста.

Доаѓа време на среќни моменти, моменти кога треба да бидеме со семејствата, да земеме воздишка од сиот товар кој ни го носи секојдневието.

За жал корона кризата погоди многу семејства, сметам дека не е време само за гола критика, туку време за обединување, време за на дело да покажеме дека сме луѓе, време за разбирање и подавање рака.

За таа цел мојата декемвриска плата ќе оди за поддршка на социјално ранливи семејства, кои имаат потреба од сите нас кои можеме да си овозможиме понормален живот.

Знам дека ова е можеби само капка во море, но доколку сите дадеме реален придонес, ќе го максимализираме ефектот, важно е да направиме чекор.

Со почит!