bandr
Хуманост

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ДОНИРАА ТРОШКИ НАДЕЖ ЗА ИГОР ГЕЛЕНЧЕВ!

 

Учениците од СОУ Јане Сандански на 28ми април (сабота) премиерно ја изведоа претставата „Трошки надеж“ во режија на професорката по драмска уметност Ѓургица Костадиновска.

По четиримесечни подготовки во смеа и радост, единаесет ученици од Драмската секција на училиштето пред струмичката јавност премиерно ја одиграа претставата „Трошки надеж“. Публиката внимателно ја следеше приказната за Валерија, ученичката која се соочува со домашни и училишни проблеми откако доаѓа во нова срединa. Сценариото беше пишувано од ученичката Викторија Панова, со помош од нејзините соученички Надица Трајкова и Моника Котева.

Овој настан имаше хуманитарен карактер и средствата кои беа собрани ги донираа на 14 годишниот Игор Геленчев од Богданци.

На Игор му посакуваме успешна операција, што побрзо да оздрави и да му се радува на животот.