АРМИЈАТА НА ДЕЛО: 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за граѓаните на Турција

февруари 13, 2023

Согласно владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата вчера испратиле шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.

Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.

Пратката ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ