ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: СТРУМИЧАНКА ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ УЧИЛИШЕН ПРИБОР!

септември 1, 2019

Почетокот на учебната година знае да биде доста напорен период. Голем број семејства се соочуваат со неодминливи трошоци и за жал не можат да им го обезбедат на своите најмили сето она што им е потребно за успешен старт на училиште.

Струмичанката Михаела Христова започна иницијатива за собирање на училишен прибор и ги повика струмичани да бидат хумани и да им излезат во пресрет на загрозените основци и средношколци.

„Станува збор за социјално загрозени семејства каде родителите не можат  да обезбедат УЧИЛИШЕН ПРИБОР. Сите што сакаат и можат да помогнат да видиме НАСМЕВКА и да ги усреќиме малите дечиња од Струмица и селата, може да ме контактираат на месенџер или на телефонскиот број  076 519 126. .  За нас едно кутивче боици, тетратка, моливче можеби е малку, но за нив верувам многу !! “ – стои во иницијативата на Христова.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ