Perdormire
Хроника

ПРИКАЗНА ЗА ЗЛАТНАТА ПЕТОРКА: „ОД РОБ СЕ ВРАЌА – ОД ГРОБ НЕ СЕ ВРАЌА”

Денеска се одбележуваат 69 годишнина од убиството на петте струмички студенти. Во 2001 година во издание на Макселин излегува книгата Отворени писма. Со извадоци и цитати од личното сведоштво на Методија Калкашлиев да го доловиме социјалниот и политички момент во кој се одвива сторијата за убиството на петте струмички студенти.

– Метка! Трчи дома, татко ти падна од највисоката тераса. Спрострен е врз камењата не знам дали е жив или мртов…задишан вика Андон Карчев Веднаш по овој коварно подол акт ( на ОЗНА) звучната мрежа во цела Струмица жолчно врескаше “Народниот непријател и трговски шпекулант Кирил Калкашлиев пробал самоубиство, само и само да избега од народниот суд”
Кога стасавме во дворот, братучедот Георги Ангов апсолвент на медицина го беа симнале татко ми од камењата и му дадоа прва помош…

Во штипската окружна болница во тек од десет дена татко ми се бореше за живот. На кратки интервали на свест и сознание рекол оти го примамиле озновците да се качи на покровната бетонска тераса и од таму го исфрлиле надолу…
Си помина така маченички на 6 ти мај и на сам ден Ѓурѓовден е погребан во присуство на илјаден народ…

Сведочи за ова издание Методија Калкашлиев кој тогаш има 17 години и е еден од современиците, близок другар и соработник на петте студенти, припадник на тогашната млада македонска интелигенција.За својот татко тој пишува дека не само што бил одликуван борец, туку и дека бил доста вешт трговец и предводник на еснафот. Тој сведочи дека првите радија, првите расветни тела во Струмица и првите електрични инсталации ги донел Кирил Калкашлиев. Семејството во Балканските војни се преселило во Струмица по опажарувањето на денешен Стар Дојран. Но, тоа не го спречило Кирил да работи, да учи и создава, да изгради куќа, да отвори во градот од галантерија до парфимерија.

Дури, успеал да му помогне на еснафот да ја победи чевларската индустрија така што ги натерал знаетчиите да произведат поевтина понуда преку откуп и употреба на евтините отпадоци од индустријата. Тоа е времето кога е изградена струмичката чаршија, новото корзо, дуќани. Сето тоа создало завист кај одредени млади комунисти во Струмица. Нивната намера е да го ограбат Калкашлиев.

Уште една трагикомедија- сведочи Методи Калкашлиев. На 13 -ти мај 1945 година татко ми беше ” изведен пред суд” што тогаш го викаа “народен”. Мртовецот Кирил Калкашлиев го изведоа пред суд и му го конфискуваа целиот имот. Судскиот процес беше во Кино Балкан… ученик во VI клас на цел глас викаше ” Смрт ! Смрт! … таа чудна атмосфера ја прекинува самиот Методи кој седејќи во галеријата на Кино Балкан без и да го приметат нарачателите на процесот.
” Смрт на мојот татко, донесете го да ја чуе пресудата…А бре будали кај се видело мртов човек да се суди на смрт…
Настанува тишина, а откако се освестува од драматична изненада “смртоносната банда” како што сведочи Калкашлиев со клоци и тупаници го исфрлаат од салата. Во рок од два часа, семејството е исфрлено од куќата, а во неа се населува тогашната управа за државна безбедност- УДБА.

Улицата на Петте струмички студенти

На 20-ти јуни 1946 година вечерта додека престојува кај своите роднини Методи Калкашлиев е уапсен.
“Бабите се разбудија за миг, во ужасен страв баба Тана закленчи Леле сваке полна месечина е, ќе ни го изеде Методи… Ќути сваќе и се скара Руша Мафковица Од роб се враќа од гроб не се враќа… Методи, Господ ќе ни го врати…
Методи Калкашлиев е однесен во зградата на ОЗНА односно во неговата родна куќа и таму е тепан и распрашуван.
Во книгата е поместен дел од распрашување на Коста Хаџи Мишев:
Судијката Минанова:
-Каков си ти?
-Јас сум централист по линијата на Гоце Делчев.
-Како планирате да дојдете на власт?
-Преку парламентарни избори…слободна агитација.. за слободна, независна Македонија…
– Тогаш за што се зачленивте во ВМРО?
-Затоа што за таква цел се бори ВМРО…

Во куќата на Хаџимишеви кај Кино Балкан во одредени одаи тајно се среќават повеќе групи на младите заговорници. На 01. Јуни 1946 осамнуваат летоци и пароли:„Долу предавниците!“, „Долу експонентите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михаило Апостолски и нивните другари!“, „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев“. Злогласената ОЗНА (УДБА) се впушта во акција и уапсила околу 25 млади луѓе меѓу кои: Методија Калкашлиев, Ѓорѓи Јармов, Коста Хаџимишев, Љубен Топчев, Мирко Христов, Мирко Пецев, Борис Белев, Владимир Тодоров, Кирил Карагоцев, Никола Апостолов, Крсто Минашев, Душко Бунчев, Иван Хаџивасилев, Глигор Ганчов, Иван Андонов, Панче Шаламанов, Петар Брзилов, Ристо Паланов, Стојан Терзиев, Ратко Семенков и други. Во друга акција на ОЗНА (УДБА) уапсени се и други Струмичани: Живко Костуранов, Ристо Костуранов, Алекса Абрашев, Томе Мазнејков, Глигор Димитров, Ефтим Бојчев и други. Во судскиот процес кој ќе следи, на 21.08.1946 година во Штип осудени се: Методија Калкашлиев, Коста Хаџимишев и Ѓорѓи Јармов на по три години затвор, Љубен Топчев на две и Мирко Пецев на една година затвор. Белев е ослободен поради недостаток на докази.
(пишува Васко Шутаров)
Калкашлиев, Хаџимишев, Јарамов се осудени на затворите иако се сосема млади.
Во книгата е сведочењето на Кирил Јарамов – брат на убиениот Георги Јарамов.
” затворањето на брат ми на строг затвор 3 години тешко го поднесував …јас тогаш имав 14 години и ме пратија да му однесам нешто храна во Централниот затвор…видувањето преку решетки …испиен жолт како мртовец, но погледот му влеваше оптимизам и сигурност”

Искалени во маки вели Калкашлиев младите струмичани интелектуалци тргнале во” работ на бичот” во нов конспиративен поход кон големите Универзитети.

Во книгата постои интересно сведоштво: инсталиран член помеѓу младите комунисти ја известил организацијата дека сите тие се осудени на смрт и дека треба да ја напуштат Струмица до 15 ти мај 1951 година…
Ете така ми зборуваше Методија Андонов – Ченто на 20-ти декември 1947 година во ќелијата: “Територија, народ и демократски установи се трите камени столбови врз кои се гради една држава. Драг мој имењаку оваа држава СРМ е “Марко крале држава” кој беше вазал на Турција и како таков загина јаничарски и кукавички…Оваа република е провинција на Србија а Лазо К. е нејзиниот совршен вазал.

Куќата на Калкашлиев – Седиште на УДБА!