Втора жртва од коронавирус во Македонија – почина 63 годишен маж!

март 23, 2020

Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, стои во соопштението.

Ова е втора жртва на коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ