ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СТРУМИЦА ПОЧИНА ЕДНО ЛИЦЕ!

ноември 8, 2020

Вчера во попладневните часови на 7 ноември во полиција било пријавено дека на локалниот пат Струмица до село Просениково, од коловозот излетал автомобил „ауди А4“, управуван од 58-годишниот Б.К. од Радовиш.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: