Perdormire
Хроника

ВО БЛИЗИНА НА РЕКИЏИСКИ МОСТ НА ИЗЛЕЗОТ ОД СТРУМИЦА, ИЗВЛЕЧЕНО Е ПАДНАТО ЖЕНСКО ЛИЦЕ ОД ВОДИТЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО!

Денес, (петок) 21.08.2020 година околу 08.30 часот во близина на Рекиџиски мост на излезот од Струмица кон с.Добрејци, ТППЕ Струмица со 1 ПП техничко возило и 3 пожарникари интервенираше на извлекување на паднато женско лице од водите на речното корито. Истата е извадена жива и неповредена и предадена на екипа на брза помош.